Изборни предмети
Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини.
Во прва година не постојат изборни предмети и наставната програма е иста и заедничка за сите ученици во гимназиското образование.
Во втора година се изучува еден изборен предмет за кој се определиле учениците. Во нашето училиште учениците имаат можност да се определат за еден предмет од листата на изборни предмети најдоцна до крајот на првата наставна година. Тие можат да изберат од следната листа на изборни предмети:
Наставен предмет |
Неделен фонд
|
Информатичка технологија
|
2
|
Латински јазик
|
2
|
Елементарна алгебра
|
2
|
Елементарна геометрија
|
2
|
Говорење и пишување
|
2
|
Етика
|
2
|
Изборните предмети во III и IV година се групирани во три изборни подрачја:
- природно-математичко,
- јазично-уметничко
- општествено-хуманистичко подрачје.
Учениците во нашето училиште имаат можност да изберат од сите три изборни подрачја и групи. Тие се определуваат за едно во втора година,најдоцна до крајот на наставната година. Со оглед на тоа што во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет, ученикот може да го смени изборното подрачје најдоцна до крајот на втората учебна година.
За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни предмети. Секое изборно подрачје содржи две комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмети се утврдени врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини. Со овие комбинации на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветнистудии.
По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување.
I. ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Група А |
Група Б
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
III
|
IV
|
III
|
IV
|
Алгебра
|
3
|
|
Географија
|
2
|
|
Линеарна алгебра и аналитичка геометрија
|
3
|
|
Латински јазик
|
2
|
|
Програмски јазици
|
|
3
|
Програмски јазици
|
2
|
|
Математичка анализа
|
|
3
|
Физика
|
|
3
|
Физика
|
|
3
|
Хемија
|
|
3
|
|
|
|
Биологија
|
|
3
|
Наставен план - Комбинација А- Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Електротехнички, Градежен, Архитектонски, Машински и Природно-математички факултет (информатика, математика и физика.)
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки и Природно-математички факултет (хемија, биологија, физика и географија).
II. ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Група А |
Група Б
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
III
|
IV
|
III
|
IV
|
Трет странски јазик
|
3
|
3
|
Ликовна уметност
|
2
|
2
|
Латински јазик
|
2
|
2
|
Музичка уметност
|
2
|
2
|
Педагогија
|
2
|
|
Педагогија
|
2
|
|
Психологија
|
|
2
|
Психологија
|
|
2
|
Компаративна книжњвност
|
|
2
|
Драмска уметност
|
|
3
|
Наставен план - Комбинација А- Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски и Филолошки факултет и на педагошките факултети.
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Факултетот за драмски уметности, Филозофски факултет, Факултетот за ликовна и за музичка уметност.
III. ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
Група А |
Група Б
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
Наставен премет
|
Неделен фонд
|
III
|
IV
|
III
|
IV
|
Вовед во правото
|
2
|
|
Етика
|
2
|
|
Социологија
|
2
|
|
Педагогија
|
2
|
|
Латински јазик
|
2
|
|
Социологија
|
2
|
3
|
Економија
|
|
3
|
Филозофија
|
|
2
|
Менаџмент
|
|
2
|
Историја
|
|
2
|
Логика
|
|
2
|
Психологија
|
|
2
|
Историја
|
|
2
|
|
|
|
Наставен план - Комбинација А - Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Економски, Правен, Филозофски и Филолошки факултет.
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски факултет и на педагошките факултети.