Книгата како најдобар пријател на човекот, секоја година во училишната библиотека донесува се поголем број љубители на убавиот пишан збор. Покрај основната улога, издавање и насочување на учениците кон библиотечниот фонд, нашата библиотека има и друга улога. Таа веќе стана простор каде се организираат и реализираат голем број на активности, се изведуваат разни предавања; презентации од речиси сите факултети од земјава. Училишната библиотека е и простор каде што не ретко се поминува и времето на слободните часови, исто така и простор кадешто учениците се подготвуваат за писмените работи, за натпревари и за матура.

 

 

DSC 0730

 

Секоја година нашата библиотека го збогатува својот фонд со значителен број на книги. Библиотечниот фонд е збогатен и со спортска, историска и англиска литература, која редовно се користи од страна на нашите ученици. Вкупниот Фонд моментално брои 3787 книги. Меѓу нив се наоѓаат и дела на наши сегашни и бивши ученици, како на пример: Васил Божикалиев, Наташа Леова, Виолета-Сатори Бојковска, Марија Грубор и други.

Освен книгите што се застапени во наставните програми за гимназиско образование учениците може да го најдат и „Светото писмо“, „Македонска крвава свадба - 100 години подоцна“, „Зоја“, Граматика на македонскиот литературен јазик“, разни прилози од литературата, речници, историја на македонската книжевност и голем број на друга литература.

Од англиската литература пак, може да се најде и: The World book encyclopedija; ,,Lone Aegle”-Danielle Steel; ,,Iliad”-Homer; Snelley; Burnett; Eliot; Joyce; Wilkie Collins; Charles Dikens; Emily Bronte; Shakespeare; Mark Twain и други.

Од спортската литература имаме: ,,Прирачник за ракометни тренери“ ; „Фудбал“ ; „Обука на почетници“ ; изданијата „Физичка култура“ на Сојузот на педагозите за физичка култура на Македонија и друга стручна литература од оваа област.

Училишната библиотека е збогатена и со литература на албански јазик, како на пример ,,Koha e dhive”-Luan Starova; ,,Don Kishoti te shqiptaret”-Ali Aliu; ,,Klithima e ikarit”-Adem Gajtani итн. ,литература на турски јазик: ,,Kritika letrare; Bir demet sir; Bir deste oyun и др.

Како дел од активностите на училишната библиотека во учебната 2012/13 година се одржа средба на младите поети од гимназијата со поетесата Павлина Климкар Меанџиева во организација на одговорниот професор за библиотеката проф. Елеонора Игновска и во сорботка со стручниот актив по македонски јазик и литература. Покрај тоа овде се одржа и гостувањето на поетите Игор Чоков и Марта Маркоска, кои како дел од поетскиот караван на 45-те „Детски Рацинови средби“ го посетија нашето училиште.

 

photo 0084

photo 0006

Подготовките за претставата „Кротењето на опаката“, изведена по повод патрониот празник на училиштето се одвиваше во просторијата на училишната библиотека, исто така и подготовката за натпреварот во најдобра драмска интерпретација на делото „Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски.

Библиотечниот фонд и оваа година е збогатен со голем број лектирни изданија но и со слободна литература која редовно се користи од страна на нашите ученици. Освен лектирните изданија, на огромно задоволство учениците, тие имаат можност да користат и значителен број на литература на англиски јазик.

Богатството на библиотечниот фонд е тој што на учениците им дава поддршка на учениците и им помага да ја задоволат својата љубопитност кон нови знаења од многу области.

 

 

 

 

Googlе Translate

Присутни

Денес93
Вчера207
Оваа недела480
Овој месец4329
Вкупно1059386

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 27 Септември 2023 14:29
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија