Гимназијата „Кочо Рацин“ -домаќин на XXVIII - натпревар по Македонски јазик и литература за средните училишта

Се чувствуваме горди и особено почестени што Гимназијата „Кочо Рацин“ оваа година е домаќи на 28 – миот Државен натпревар по Македонски јазик и литература за средните училишта на 23 април 2016 година.

По тој повод беше подготвена и реализирана уметничка програма на која настапија учениците од нашата Гимназија.

Отворањето на натпреварот започна со обраќање на проф. д–р Лидија Тантуровска, која ги поздрави присутните и им посака успех на натпреварувачите и нивните ментори.

Натпреварувачкото тестирање започна во 12:30 часот и траеше 90 минути. Се натпреваруваа вкупно 23 ученика на мајчин, македонски јазик и 3 ученика на немајчин јазик.

IMG_0001
IMG_0002
IMG_0004
IMG_0006
IMG_0009
IMG_0010
IMG_0011
IMG_0012
IMG_0018
IMG_0020
IMG_0021
IMG_0023
IMG_0024
IMG_0025
IMG_0027
IMG_0028
IMG_0030
IMG_0034
01/18 
start stop bwd fwd

 

На натпреварот беа постигнати следниве резултати:

  • Првото место му припадна на ученикот Трајчо Трајков, трета година при СОУ „Јане Сандански“- Струмица, под менторство на проф. Јулијана Ковачевска.
  • Второто место и припадна на Софија Ставреска, трета година при ПСУ „Јахја Кемал“- Струга, под менторство на проф. Никола Кукунеш.
  • Третото место го освои ученичката Марија Маринкова, трета година при „СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин, под менторство на проф. Роска Јовановиќ.

Упатуваме честитки до сите ученици и ментори, учесници на натпреварот, а посебно до учениците кои ги освоија првите три места.

Стручен актив по македонски јазик и литература

Googlе Translate

Присутни

Денес82
Вчера207
Оваа недела469
Овој месец4318
Вкупно1059375

Во моментов присутни

1
корисници

Среда, 27 Септември 2023 12:55
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија