Добредојдовте во СОУ "Гимназија Кочо Рацин" - Велес

Почитувани ученици, родители, наставници, поранешни ученици и пријатели на Гимназијата, Добредојдовте во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, училиште со богата образовна традиција, препознатлив идентитет и генерации ученици и наставници кои оставиле траен белег во неговата историја.

Да се биде дел од Гимназијата значи да се почитува она што го создавале генерациите пред нас, но истовремено да се гледа и кон иднината.
Нашата мисија е да обезбедиме квалитетно и современо образование во средина во која ученикот е во центарот на воспитно-образовниот процес. Сакаме нашите ученици да стекнуваат знаења, да развиваат критичко мислење, креативност, самостојност и одговорност, но и да се изградат како личности кои ги негуваат почитта, толеранцијата, чесноста и меѓусебното разбирање.


Веруваме дека успехот на едно училиште не се мери единствено со оценките.  Тој се препознава во знаењето и постигнувањата на учениците, во нивната љубопитност и желба за напредување, во посветеноста на наставниците и во младите луѓе кои од училиштето излегуваат подготвени да го продолжат своето образование и одговорно да ја градат својата иднина.

Затоа настојуваме нашата Гимназија да биде отворено, безбедно и современо училиште, во кое покрај редовната настава се создаваат можности за учество во проекти, натпревари, истражувачки, културни, спортски, хуманитарни, еколошки и други активности.

Особено ја цениме соработката со родителите и локалната заедница. Убедени сме дека довербата, отворената комуникација и заедничката одговорност придонесуваат за создавање средина во која секој ученик ќе има можност да го развива својот потенцијал.

Пред образованието постојано се отвораат нови предизвици. Наша задача е традицијата што ја наследивме да ја надградуваме со нови идеи и современи пристапи, секогаш водејќи се од интересите и потребите на нашите ученици.
Продолжуваме заедно да ја градиме Гимназијата како место каде што знаењето, трудот и успехот се вредности што нè поврзуваат.

Директор

Илија Попов

0 +
Години Велешка Гимназија
0 +
Упис на нови ученици
0 +
Стручни професори

Визија

Современа институција со високи воспитно-образовни стандарди, училиште за постојан развој на учениците и нивно оспособување за професиите на иднинината кои подразбираат: критичко мислење, широки знаења, аналитички и логички дух, креативна имагинација, комуникациски вештини, лидерски способности, тимска соработка и заедничко делување.

Мисија

Современо технолошки опремено училиште во безбедна, доверлива и компетитивна средина, кое ќе предводи во иновативната и квалитетна настава преку која ќе го гарантира акaдемскиот и општествен успех на учениците, ќе ги подготвува за продуктивна ангажираност во глобалниот свет и низ високи стандарди и големи очекувања, ќе ги негува и поттикнува научната љубопитност, општествената одговорност, спортските игри и културната продукција кај учениците.

Училиштето Ве повикува да воспоставиме засилена соработка

Контактирајте не

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес

Otvoren_den