Учество на наставници на обука - „Digital Paidea“ во Reggio Calabria, Италија

Во периодот од 27.01.2019 до 1.02.2019 година, во Reggio Calabria во Италија се одржа обука на тема „Digital Paidea“. На обуката наставниците од нашата Гимназија заедно со наставниците од Полска и Италија ги разменија своите искуства и знаења од областа на дигиталното образование, зошто и колку дигиталните елементи во образованието се важни за учениците во 21 век.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
1/9 
start stop bwd fwd

 

Тимот наставници во состав Христина Леова, Бошко Караџов, Бранка Донева, Цветанка Карамаркова и Александра Димитриевска благодарение на гостопримливоста на домакините и тимот наставници вклучени во проектот имаа можност да го посетат училиштето Liceo Preti – Frangipane, уметничко училиште во кое уметноста ги обединила знаењето и вештините на учениците и на наставниците.

Во рамките на обуката беа реализирани следните активности: учество на наставниците Б.Караџов и А.Димитриевска во радио програма, презентација од наставниците во училиштето за користење на дигитални книги и платформи во наставниот процес, користење на блогови, графичка изработка на материјали во лабараториите со кои располага училиштето, творење со помош на користење инфо графики, како и посета на културно – историски споменици коишто се дел од овој град.

Оваа обука им овозможи на учесниците да ги разменат добрите педагошки практики и искуствата кои се важни за образованието во 21 век.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес54
Вчера491
Оваа недела894
Овој месец7455
Вкупно337475

Во моментов присутни

7
корисници

Среда, 20 Февруари 2019 02:54
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија