ОБУКА ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „NEWWERD – НОВ НАЧИН НА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ВО НАСТАВАТА“

„New WERD – Нов начин на истражување и развој во наставата“ е проект во Програмата Еразмус+ координиран од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес. Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики помеѓу четири училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова – н Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM од Торино – Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS, училиште од Барселос – Португалија и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес – Македонија, како организација-апликант.

1
2
3
4
5
6
1/6 
start stop bwd fwd

 

Според предвидените активности за реализација на Проектот, во периодот од 16 до 21 јануари 2019 година, се реализираше петдневна тренинг-обука во Крајова – Романија.

 

На обуката учествуваа наставници од четирите партнер училишта, а целта на оваа обука е зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ-методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблеми во наставата.

 

Целта на оваа обуката беше да ги поттикнеме младите да создаваат и креираат модели на реални физички проблеми и инструменти, со што би ја зацврстиле врската помеѓу нив, науката и технологијата, да истражуваат за современиот свет со знаења и вештини како да решаваат проблеми, да ги користат информациите и да знаат како да собираат и проценуваат докази за да донесуваат одлуки. Тоа се вештини кои учениците ги развиваат во науката, технологијата, инженерството и математиката.

 

3Д моделирање е процес на креирање математичка репрезентација на некој тридимензионален објект. Она што се добива како продукт се нарекува 3Д модел.

 

Тродимензионалните модели претставуваат физичко тело кое користи збирка точки во 3Д просторот, поврзано со разни геометриски елементи како што се: триаголници, линии, кривини, површини и др. Како збирка на податоци (точки и други информации), 3Д модели може да се креираат рачно, алгоритамски (процедурално моделирање) или да се скенирани. Нивните површини може понатаму да се дефинираат со мапирање на текстура.

 

Денес, 3Д моделите се користат во широк спектар на полиња. Медицинската индустрија користи детални модели на органи; овие можат да бидат создадени со повеќекратни 2-Д сликовни парчиња од MRI или CT скенирање. Филмската индустрија ги користи како ликови и предмети за анимирани и вистински животни слики. Индустријата за видео игри ги користи како средства за компјутерски и видео игри. Научниот сектор ги користи како многу детални модели на хемиски соединенија. Индустријата за архитектура ги користи за да ги демонстрира предложените згради и пејзажи наместо традиционалните, физички архитектонски модели. Инженерската заедница ги користи како дизајни на нови уреди, возила и конструкции, а имаат и низа други намени. Во последниве децении, научната заедница на Земјата почна да гради 3Д геолошки модели како стандардна практика. 3Д моделите исто така може да бидат основа за физички уреди кои се изградени со 3Д печатари или машини со CNC.

 

За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:

 

• Посета и презентација на училиштето LICEUL TEORETIC „TUDOR ARGHEZI“, Крајова, Романија;

• Презентација на автомобилскиот гигант Ford во врска со развојот на инжинерството и техничките вештини;

• Работилници во училиште: изработка на психрометар и барометар;

• Посета на Природо - научен музеј во Крајова;

• Посета на метеоролошката мерна станица во Крајова;

• Посета на Американското катче при општинската библиотека „Alexandro Si Aristia Aman“;

• Посета на Факултетот за воздухопловство во Крајова;

• Прием од Градоначалникот на Крајова;

• Посета на планинскиот музеј во Ранка.

 

Вредноста на овие обуки се заснова на разновидноста на работната средина, различното искуство на партнер организациите и најважно – учење преку активности во реален контекст. Посетата на реалните лаборатории и институции овозможуваат учениците и наставниците да постигнат нов длабок поглед во научниот свет. Учениците и наставниците од четирите партнер училишта работат заедно во креирање на работни материјали и се здобиваат со знаења и вештини во изучувањето на СТЕМ предметите.

 

 

 

 

 

 

 

Тим наставници одговорни за проектот newWERD

 

Googlе Translate

Присутни

Денес62
Вчера931
Оваа недела3550
Овој месец13569
Вкупно376076

Во моментов присутни

4
корисници

Сабота, 25 Мај 2019 01:36
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија