ПРОЕКТ ЕРАЗМУС+

Mystery lies in QR coding and decoding

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ е учесник во проектот “Mystery lies in QR coding and decoding“ во Програмата Еразмус+, во клучната акција – стратешко партнерство за размена на добри практики, заедно со три други средни училишта од: Полска, Романија и Турција.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Во текот на проектниот циклус, од септември 2018 до август 2020 година, ќе се реализираат активности со наставници и ученици чија цел ќе биде генерирање и користење на QR кодови во наставните и воннаставните активности.

 

Во периодот од 19 до 21 ноември, се реализираше првата тренинг-обука за наставници во Шубин, Полска. На овој настан присуствуваа тројца наставници од нашето училиште, а целта на истиот беше разгледување на проектната апликација и распределба на одговорности и задачи. Во врска со темата на проектот, сите училишта ја презентираа досегашната практика со употреба на QR кодови во наставата. Исто така, учесниците на обуката имаа можност да се запознаат подетално со програмата AURASMA од страна на стручно лице кое беше покането од домаќинот.

 

Преку прошетки и еднодневни екскурзии, учесниците се запознаа со културата и традицијата на Шубин и околните места, што претставуваше особено задоволство за сите.

 

Во наредниот период следи тренинг-обука за наставници и ученици во градот Бига, Турција.

 

Одговорни наставници: Христина Леова, Гордана Саздова, Елизабета Николовска

 

Googlе Translate

Присутни

Денес223
Вчера517
Оваа недела740
Овој месец8358
Вкупно359785

Во моментов присутни

9
корисници

Вторник, 23 Април 2019 14:33
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија