КОНКУРС за идејно решение на лого за Проектот „findNANO“

СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес распишува конкурс за дизајн на лого за Проектот „Мрежа за иновативен развој на НАНО во училиштата“ преку програмата „Еразмус +“.

1

 

Проектот промовира мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап, преку вклучување на различни дисциплини (физика, хемија, биологија, математика, инженерство, уметност) во нанотехнологијата и имплементирање на НАНО образование врз основа на реални проблеми и иновативни пристапи.

 

Целите на проектот ќе бидат фокусирани на тоа како да се мотивираат учениците да се вклучат во НАНО образованието, поттикнувајќи ги да користат креативност, имагинација, иновативно и аналитичко размислување за подобро разбирање на НАНО светот.

 

На конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици од I до IV година, а идејните решенија да се испратат на email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или stojanovapetrankа@gmail.com најдоцна до 15 ноември 2018 година.

 

Најдоброто идејно решение ќе биде наградено, а ученикот ќе се здобие со сертификат од Проектот.

 

Тимот наставници одговорни за проектот „findNANO

 

Googlе Translate

Присутни

Денес374
Вчера879
Оваа недела2160
Овој месец15271
Вкупно396172

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 19 Јуни 2019 11:35
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија