Обука во Македонија "Алтернативна енергија и климатски промени" во рамките на проектот newWERD

"newWERD - нов начин на истражување и развој во наставата" е проект во програмата Еразмус+ координиран од СОУ Гимназија Кочо Рацин од Велес. Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики меѓу четирите училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова, Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM  од Торино, Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS –училиште од Барселос, Португалија и Гимназија Кочо Рацин од Велес - Македонија како организација апликант.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

Според проектните активности за реализација на проектот во периодот од 12 до 16 септември 2018 година, во Велес, Македонија се реализираше пет дневна обука за наставници, во која учество земаа и нашите ученици Гимназијалци.

 

На обуката присуствуваа наставници од четирите партнер училишта,а целта на оваа обука е зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблемиповрзани со енергетската ефикасност, обновливата енергија и климатските промени.

 

Исто така целта на обуката беше и да ги подготвиме младите како да решаваат проблеми во современиот свет со знаења и вештини, да ги користат информациите и да знаат како да собираат и проценуваат докази за да донесуваат одлуки. Тоа се вештини кои учениците ги развиваат во науката, технологијата, инженерството и математиката. Ако сакаме нација каде младите во иднина ќе имаат способност да ги разберат и решаваат некои од сложените предизвици на денешницата, како и да ги задоволат барањата на динамичната и еволутивната работна сила, тогаш квалитетни знаење и флуентност во науката се од суштинско значење.

 

Изборот што го правиме за тоа како ја користиме енергијата имаат влијание врз животната средина и економијата. Постојат многу работи што можеме да ги направиме за да користиме помалку енергија и да ја користиме помудро. Овие активности вклучуваат и зачувување на енергијата и енергетска ефикасност. Учениците од Гимназијата Кочо Рацин истражуваа за енергетска ефикасност и подготвија каталог "15 акции за заштеда на енергија во училиштата" и презентација за алтернативната енергија и климатските промени.

 

Наставниците и учениците применуваа наука, технологија и математика за да ги истражат проблемите со алтернативната енергија. Обновливата енергија може да биде економичен и еколошки начин за генерирање на енергија. Сè повеќе, индивидуалните згради бараат начини за генерирање на сопствената моќ. За време на обуката имаше неколку работилници за изработка на соларни панели, ветерници и соларни полначи за мобилен телефон. Имаше дискусија за иновациите поврзани со обновливата енергија и како обновливата енергија влијае врз климатските промени.

 

Климатските промени е едно од најкомплексните прашања со кои се соочуваме денес. Тоа вклучува многу димензии - наука, економија, општество, политика, морални и етички прашања - и е глобален проблем, почувствуван и на локални размери. Учениците преку уметноста ги изразија своите ставови, како и својата визија за енергијата околу нас и климатските промени.

 

За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:

• Посета и презентација на училиштето СОУ Гимназија Кочо Рацин - Велес

• Презентација од учениците "Алтернативна енергија и климатски промени"

• Работилници во училиштето: Изработка на соларни панели, изработка на ветерници, изработка на соларен полнач за мобилен уред;

• Подготовка на каталог "15 Акции за заштеда на енергија во училиште"

• Изработка на флаери, брошури и постери за заштеда на енергија и во корист на алтернативни извори во иднина

• Посета на хидроелектрични централи

• Дискусија за иновациите поврзани со обновливата енергија, како обновливата енергија влијае врз климатските промени

• Посета на Велес и Спомен куќата на Кочо Рацин организирана од ученици

• Културни и социјални настани во Охрид, посета на цркви, музеи и галерии

• Посета на Скопје (Спомен куќа на Мајка Тереза, Плоштад Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Стара чаршија, Музеј на илузии

• Прием од градоначалникот на град Велес.

 

 Вредноста на овие обуки се заснова на разновидноста на работната средина, различното искуство на партнер организациите и најважно учење преку активности во реален контекст. Посетата на реалните лаборатории и институции овозможуваат учениците и наставниците да постигнат нов длабок поглед во научниот свет. Учениците истражуваа и учеа за енергија, обновлива енергија и климатски промени преку науката. Тие користеа технологија и инженерство за да дизајнираат производи како соларен панел и ветерница за ефикасно користење на обновлива енергија. Учениците користеа математика за да ги пресметаат заштедите во училиштата и домовите кои се енергетски ефикасни. Наставниците беа ментори на креативноста. Наставниците усвојуваа нови методи за подучување наука, технологија и математика во училницата преку решавање на реални проблеми.

 

Учениците и наставниците од четирите партнер училишта работат заедно во креирање на работни материјали и се здобиваат со знаења и вештини во изучувањето на СТЕМ предметите.

 

Тимот наставници одговорни за проктот newWERD

 

Googlе Translate

Присутни

Денес60
Вчера222
Оваа недела60
Овој месец4522
Вкупно316960

Во моментов присутни

3
корисници

Понеделник, 17 Декември 2018 06:48
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија