Обука во Португалија во рамките на проектот newWERD – “Нов начин на истражување и развој во наставата”

„New WERD – Нов начин на истражување и развој во наставата“ е проект во програмата Еразмус координиран од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес. Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики помеѓу четири училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова - Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM од Торино - Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS училиште од Барселос – Португалија и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес - Македонија како организација апликант.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

Според предвидените активности за реализација на проектот во периодот од 16 април до 20 април 2018 година се реализираше пет дневна Тренинг обука во Барселос, Португалија.

 

На обуката учествуваа наставници од четирите партнер училишта, а целта на оваа обука е зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблеми во наставата.

 

Целта на обуката беше да ги подготвиме младите за современиот свет со знаења и вештини како да решаваат проблеми, да ги користат информациите и да знаат како да собираат и проценуваат докази за да донесуваат одлуки. Тоа се вештини кои учениците ги развиваат во науката, технологијата, инженерството и математиката.

 

Нуклеарната физика е возбудлива, најсовремена областа на физиката во која повеќето ученици навистина уживаат. Учениците под 16 години не можат да се справат со радиоактивни извори, па затоа е потребно при обработката на овој дел од физиката да се работи со повеќе симулации и демонстрации за да се доближат до оваа енигма.

 

Дозиметријата е дел од нуклеарната физика, која исто така предизвикува интерес кај учениците. Неопходно е што повеќе ученици да се запознаат со придобивките и опасностите од радиоактивните извори, затоа, неопходно е да се посетат медицинските установи каде што учениците ќе се соочаат со вистински проблем.

 

За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:

 

• Посета и презентација на училиштето AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS,

• Работилница во училиштето: Изработка на симулации, видеа и демонстрации поврзани со радиоактивноста,

• Работилници во училиште: Изработка на најевтиниот детектор за радиоактивно зрачење – јонска комора,

• Посета и работилница во Научен музеј во Лисабон,

• Посета на океонариум во Лисабон,

• Посета на Барселос организирана од ученици, посета на музеи и галерии,

• Посета на Порто,

• Прием од Градоначалникот на Барселос.

 

Овие теми обезбедуваат одлични можности за практична физика - истражување на видовите и опсегот на јонизирачко зрачење, како и математички студии за веројатност и статистика преку случајната природа на радиоактивното распаѓање.

 

Вредноста на овие обуки се заснова на разновидноста на работната средина, различното искуство на партнер организациите и најважно учење преку активности во реален контекст. Посетата на реалните лаборатории и институции овозможуваат учениците и наставниците да постигнат нов длабок поглед во научниот свет. Учениците и наставниците од четирите партнер училишта работат заедно во креирање на работни материјали и се здобиваат со знаења и вештини во изучувањето на СТЕМ предметите.

 

 

 

Googlе Translate

Присутни

Денес126
Вчера161
Оваа недела1130
Овој месец3076
Вкупно281907

Во моментов присутни

2
корисници

Недела, 19 Август 2018 23:29

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија