Еразмус+ проект, math-GAMES

Во знак на благодарност за успешната досегашна соработка со СОУ Гимназија Кочо Рацин, CMS (Друштвото на математичари на Кипар) покани претставник од училиштето на мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проект math-GAMES.

1
2
3
1/3 
start stop bwd fwd

 

На 29.03.2018 настанот се одржа во хотел Хилтон во Никозија, Кипар, на кој беа презентирани активностите поврзани со проектот, како и неговата поврзаност со основните вештини кои се приоритет на ЕУ, со посебен акцент на учењето на возрасни. За таа цел, претставник на Министерството за образование и култура, Николета Јоану ја презентираше програмата за учење на возрасни во Република Кипар, и целите кои се зацртани за таа таргет група.

Проектот math-GAMES содржи 32 традиционални игри за деца и возрасни во кои е застапена математиката. Во време на дигитални игри, овој проект овозможува зајакнување на комуникациските и интерперсоналните односи, како и можност за социјализација преку учење.

Друштвото на математичари на Кипар беше стратешки партнер на Гимназијата во проектот Математички лавиринт, кој заврши во 2017 година.

Со оваа конференција нашето училиште ја зајакна соработката со CMS од Кипар, но и помогна во остварување на комуникација со други институции, со кои би можеле да реализираме другиЕвропски проекти.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес165
Вчера205
Оваа недела1780
Овој месец8814
Вкупно261244

Во моментов присутни

2
корисници

Недела, 27 Мај 2018 21:51

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија