Конкурс за дизајн на лого за проектот "newWERD - Нов начин на истражување и развој во наставата"

Ги повикуваме учениците од I до IV година од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ да учествуваат на конкурсот за дизајн на логото на проектот "Нов начин на истражување и развој во наставата“ преку програмата Еразмус +.

1

Идејните решенија да ги испратат на email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 30.10.2017 година. Ученикот со избрано лого ќе се здобие со сертификат од проектот и награда.

Проектот се однесува на специфични приоритети кои имаат за цел зајакнување на профилот на професијата наставник, справувајќи се со сложени реалности во училницата и усвојување на нови методи и алатки. Освен тоа што наставникот пренесува знаење во училницата, наставникот има улога и да ги оспособи учениците да бидат креативни, мотивирани и да ги поучи како да вклучат и користат наука, математика и технологија во реални ситуации. Проектот има за цел да развие кај учениците таканаречени „СТЕМ“ вештини (Наука, Технологија, Инженерство и Математика).

За професиите од иднината се потребни знаења и вештини како што се дигитални вештини, критичко размислување, соработка, тимски дух, иновативно и аналитичко размислување. Индивидуалните компетенции во предметите STEM (наука, технологија, инженерство и математика) стануваат се поважни за професиите на иднината, кои се засноваат на висока технологија. Затоа во образованието се потребни иновативни пристапи.

Тимот наставници одговорни за проектот newWERD

 

Googlе Translate

Присутни

Денес208
Вчера240
Оваа недела208
Овој месец6587
Вкупно291465

Во моментов присутни

5
корисници

Понеделник, 24 Септември 2018 18:23

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија