Размена на ученици во Братислава,Словачка

Во рамките на проектот Еразмус + во периодот од 21.10.2016 до 30.10.2016, учениците: Виолета Иванова, Андреј Кодовски, Валентина Николиќ и Левко Левков, заедно со ученици од Азербејџан, Италија, Бугарија, Романија, Хрватска и Шпанија имаа можност да ја посетат прекрасната земја Словачка.

15065029_584683308408090_870531653_o
15086352_584678825075205_431351513_n
15102148_584683298408091_900039109_o
1/3 
start stop bwd fwd

 

Размената се одржа во воената база во регионот Захорие. Во оваа размена учевство земаа и уште неколку извонредни земји со интересни култури, традиции и обичаи. Размената ни овозможи да стекнавме пријателства со луѓе од земјите Азербејџан, Италија, Бугарија, Романија, Хрватска и Шпанија.

Темата на овој проект беше ,,Војна и мир” ,а целта на организаторите беше да ни ги објаснат поимите поврзани со оваа тема, нивното значење и влијание .Тоа го направија преку активности кои беа интересни, а нас не натераа да размислуваме, да бидеме креативни и комуникативни. Ги остварија нашите очекувања, иако на почетокот некои од активностите ни звучеа смешни и неостварливи, како на пример возењето со тенк, сепак истото се случи како нешто реално ,вистинито и возбудиво.Го посетивме и единствениот главен град во светот кој што се граничи со две држави, градот низ кој што тече реката Дунав-Братислава.

Во текот на проектот научивме како земјите преговараат, научивме да дебатираме, да ги слушаме другите додека зборуваат и на крај да најдеме заедничко решение. Дружењата и забавите беа неизбежни.На интернационалните вечери пробавме дел од традиционалните јадења на другите држави, научивме нешто за нивната култура и историја, а се обидовме да научиме некои од нивните традиционални танци и ора. Им ја претставивме и нашата држава Република Македонија, нашата историја, култура, нашите традиционални јадења и традиционални ора.

Животот нема да биде живот ако нема крај, па така како и на сите работи во животот и на оваа размена и дојде крајот. Она што го доживеавме зборовите никогаш нема да можат да го доловат.Се што ни останува се убавите спомени и прекрасните пријателства.

Одговорeн професор: Цветанка Карамаркова

Googlе Translate

Присутни

Денес126
Вчера161
Оваа недела1130
Овој месец3076
Вкупно281907

Во моментов присутни

2
корисници

Недела, 19 Август 2018 23:29

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија