Тимот на проектот SEECEL во посета на Република Србија

Во рамките на проектот SEECEL како последна фаза од 25-27 февруари 2016 година, група наставници заедно со Директорот од нашата Гимназија беа во посета на „ ОСМА БЕЛГРАДСКА ГИМНАЗИЈА “во Белград. Целта на оваа посета беше наше меѓусебно запознавање како пилот училишта во овој проект на Земјите од Југоисточна Европа и споделување на искуства од работата на двете училишта во неговите рамки.

DSC02359
IMG_3386
IMG_3392
IMG_3414
IMG_3455
IMG_3459
1/6 
start stop bwd fwd

 

Првиот дел од средбата помина во работна атмосфера, при што двата тима меѓусебно ги претставија своите училишта. Се водеше дискусија за наставата, современите наставни методи, искуството во работата и активностите во склоп на проектот SEECEL. Вториот работен дел од средбата се изведе преку работни работилници организирани од страна на Студентскиот културен центар по предметот економија.

Домаќините од „ОСМА БЕЛГРАДСКА ГИМНАЗИЈА “покажаа гостопримливост и пријателски чин во меѓусебното запознавање. Во нивна организација го посетивме музејот на Српската православна црква-Патријаршија во Белград.

Меѓутоа тука не заврши престојот во Република Србија. Продолживме понатаму во посета на Гимназијата „Вељко Петровиќ “ во Сомбор.

Целта на оваа посета беше да се потпише меморандум за понатамошна соработка меѓу двете Гимназии и меѓусебно запознавање. Во пријатна и работна атмосфера тимовите детално и описно ги претставија своите училишта. Посебен акцент се стави на предлози за понатамошно инкорпорирање на заеднички проекти поврзани со наставата и секако на планови за идна соработка меѓу двете училишта.

Престојот заврши со искрени желби за реализација на поставените цели.

Линк до презентација превземи

Одговорен наставник

Александра Стојановска

Googlе Translate

Присутни

Денес393
Вчера879
Оваа недела2179
Овој месец15290
Вкупно396191

Во моментов присутни

20
корисници

Среда, 19 Јуни 2019 11:48
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија