КОЛЕГИ ОД НОВИ САД-РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА НАШАТА ГИМНАЗИЈА

Во рамките на проектот SEECEL, а како една од неговите завршни фази, нашата Гимназија беше домаќин на пилот училиште во овој проект од Нови Сад, Република Србија.

Станува збор за средното стручно училиште Футог,а целта на оваа посета беше наше меѓусебно запознавање како пилот училишта во овој проект на Земјите од Југоисточна Европа и споделување на искуствата од работата на двете училишта во неговите рамки.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Првиот дел од средбата помина во работна атмосфера, при што двата тима меѓусебно ги презентираа своите училишта, па се дискутираше за наставата и современите наставни методи кои ги применуваме и секако за искуствата од работата и активностите во склоп на SEECEL.Посебен акцент се стави на предлози за понатамошно инкорпорирање на придобивките од проектот во редовната настава и секако на планови за идна соработка меѓу двете училишта.

Колегите го посетија финалниот производ од нашата работа во проектот-сувенирницата во просториите на Гимназијата, а потоа сите заедно поминавме интересно попладне со пријатна прошетка низ нашиот град.

Координатор на проектот

Соња Трајчева-професор

 

Googlе Translate

Присутни

Денес375
Вчера879
Оваа недела2161
Овој месец15272
Вкупно396173

Во моментов присутни

4
корисници

Среда, 19 Јуни 2019 11:36
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија