ЗА ПРОЕКТОТ SEECEL

SEECEL-South East European Center for Entrepreneurial Learning преставува регионален центар за развој на претприемничкото учење за земјите од Југоисточна Европа.Во него се вклучени неколку земји кои не се членки на ЕУ-Турција,Албанија и земјите од бившите југословенски простори,вклучително и нашата.

Во моментов со овој проект се опфатени само четири средни пилот училишта од Република Македонија-две од Скопје, едно од Прилеп и нашата Гимназија како единствена од нашиот град.

Целта на SEECEL проектот е развивање на претприемничкиот дух кај учениците, како и поттикнување и стимулирање на нивниот креативен потенцијал.Секое пилот училиште , а следејќи ги инструкциите од Регионалниот центар во Загреб, има слобода да ги испланира активностите во рамките на проектот, а според сопствената визија и креативност.Според акциониот план на нашето училиште, активностите ќе се реализираат во рамките на предметите Историја,Географија,Ликовна уметност, Бизнис и претприемништво и Македонски јазик и литература.Сите тие ќе бидат имплементирани во функција на создавање на еден завршен производ т. е. отварање на сувенирница во една од просториите на нашето училиште.Сите сувенири кои ќе бидат изложени во нејзе ќе бидат инвентивни креации на наши ученици опфатени со проектот.

Преку реалзирање на оваа крајна цел на проектот, наша идеја е да го промовираме историското и културното наследство на нашиот роден град и секако на нашата Гимназија.

Бидејќи сме пилот училиште во овој проект, особено е важно да се напомене дека сите наставници кои работат врз реализација на неговите претприемнички цели веќе од наредната година ќе бидат ментори на следните колеги - наставници во Република Македонија кои ќе бидат опфатени со SEECEL.

Одговорен професор:

Соња Трајчева

Googlе Translate

Присутни

Денес221
Вчера688
Оваа недела2984
Овој месец13929
Вкупно438293

Во моментов присутни

2
корисници

Петок, 23 Август 2019 09:37
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија