Регионален натпревар по хемија

На ден 6 април 2019 година, се одржа Регионалниот натпревар по хемија во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес на натпреварот беше претставена од ученици од прва и втора година кои се натпреваруваа во I и II категорија, постигнувајќи солидни резултати. Голема благодарност до нашите ученици: Лилјана Ристова од I-1 клас и Филип Јованов од I-2 клас, Паола Кадиева од II-1 клас, Сара Николовска од II-3 клас и Тамара Трајановска од II-5 клас.

1

Ученичката Тамара Трајановска од II-5 клас го освои третото место во II категорија, а останатите ученици беа пофалени.

На Државниот натпревар се пласираа учениците: Јованов Филип (прва година), Паола Кадиева и Тамара Трајановска (втора година). Им честитаме на сите ученици.

Ментори

Петранка Стојанова

Марјан Стојановски

Googlе Translate

Присутни

Денес139
Вчера406
Оваа недела4142
Овој месец13881
Вкупно480123

Во моментов присутни

5
корисници

Недела, 20 Октомври 2019 06:06
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија