ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ ПО МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

На 10 мај 2019 година, со почеток во 14.00 часот, во просториите на Државното училиште „Димитар Влахов“ – Скопје, се одржаа Државните натпревари по Музичка уметност во различни дисциплини и категории. Со учество во втора дисциплина, во категоријата на средни училишта на РС Македонија, претставувајќи се со вокално-инструментален состав (квинтет), нашите учениците ја интерпретираа класичната арија од Георг Фридрих Хендел „Аве Марија“ и според компетентната жири-комисија го освоија второто место со 86 бодови.

1

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес и овој пат е горда на успехот на своите ученици: сопрани – Катерина Николова (втора година), Пале Зврцинова (четврта година); алти – Елена Христовска (втора година) и Ева Димитриева (четврта година); пијано корепетитор – Љупче Зафиров (втора година); под менторство на диригент Атанас Зафиров, професор по музичка уметност.

Одговорeн професор:

Атанас Зафиров

Googlе Translate

Присутни

Денес133
Вчера406
Оваа недела4136
Овој месец13875
Вкупно480117

Во моментов присутни

7
корисници

Недела, 20 Октомври 2019 05:45
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија