Регионални натпревари Музичка Уметност

На 23 Април 2019 година во просториите на ООУ Блаже Конески во Велес се одржаа Регионалните натпревари од областа на музичките активности во категорија на Хорови , Оркестри и Вокално-Инструментални состави и солисти во кој учествуваа и учениците од нашето училиште.

СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се претстави со Вокално-Инструментален состав од пет членови , квинтет составен од четири вокални интерпретатори и инструментален корепетитор:

Сопрани: Катерина Николова, Пале Зврцинова.

Алти: Елена Христовска и Ева Димитриева.

Пијано корепетитор: Љупче Зафиров.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

На репертоарот на натправарот нашите ученици изведоа две композиции, во двоглас “ Ленка “ на текст К.С.Рацин, музика на В.Хаџиманов, преработил А.Зафиров;во тригласен став , ариа “ Аве Марија “ од Георг Фридрих Хендел.

Во двете композиции корепетитор со пијано придружба пратеше Љупче Зафиров а со целиот вокално-инструментален состав диригираше Атанас Зафиров , проф.по музичка уметност. Според стручната жири комисија нашите ученици како вокално-инструментален состав постигнаа Прво место со вкупно (98 бодови) и се квалификуваа на понатамошните државни натпревари.

Одговорeн професор: Атанас Зафиров

Googlе Translate

Присутни

Денес133
Вчера406
Оваа недела4136
Овој месец13875
Вкупно480117

Во моментов присутни

6
корисници

Недела, 20 Октомври 2019 05:47
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија