ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ РЕЦИТАТОРИ!

На 27.01.2018г, во просториите на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, се одржа Државниот рецитаторски натпревар.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

На натпреварот учество земаа учениците Петар Андреев и Дино Јанаќиев од III-5 клас, под менторство на професорката по Mакедонски јазик и литература, Цветанка Карамаркова. Од вкупно 19 пријавени учесници, нашите ученици се пласираа во вториот круг и се вброија меѓу најдобрите 15 учесници од средните училишта во Република Македонија.

 

Натпреварот се состоше од два дела. Во првиот дел учесниците ја рецитираа песната „Од сина тишина зборови“ од Анте Поповски. Вториот дел беше исполнет со рецитации на „Песна за маслинките“ од Блаже Конески.

 

И покрај големата конкуренцијата, нашите ученици се издвоија меѓу најдобрите. Петар Андреев го освои второто место, а Дино Јанаќиев четвртото место. Нивните интерпретации беа проткаени со одлична дикција, правилно акцентирање и соодветна експресивност при изразувањето.

 

Искрени честитки за учениците и во иднина им посакуваме бројни успеси!

 

 

Одговорeн професор:Цветанка Карамаркова

 

Googlе Translate

Присутни

Денес217
Вчера522
Оваа недела217
Овој месец7296
Вкупно269353

Во моментов присутни

6
корисници

Понеделник, 18 Јуни 2018 14:57

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија