Државно првенство во одбојка - женски

Женската екипа од нашата Гимназија успешно ги совлада општинските, зонските и регионалните натпревари, а со тоа се пласира на државното првенство кое се одржа во Прилеп во периодот од 12 до 14 март

 slika r

Останати учесници на првенството беа екипите од: ДУФК „М.М.Брицо“-Скопје, Гимназија „Орце Николов“-Скопје, Гимназија „Славчо Стојменски“-Штип, „Никола Штејн“-Тетово и домаќинот –Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп. Домаќините покажаа голема гостопримливост и со задоволство ни овозможија удобен престој и добри услови за подготовка на претстојните натпревари.

Уште на самиот почеток бевме поделени во две групи, така што нашата група беше заедно со Гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип и Медицинското училиште „Никола Штејн“ - Тетово. Натпреварите во групата се одвиваа со голема неизвесност и изедначени поени, но среќата беше наклонета кон екипата од Штип која се пласира на првото место во групата. Со поразите од 2:1 на нашата екипа и претстоеше натпревар со домаќинот за пласирање на петтото место на првенството. Со голем успех ја совладавме екипата со постигнат резултат од 2:0 и со тоа го освоивме петтото место.

Благодарение на добрата физичка, психичка и тактичка подготвеност на нашите ученички, како и големата поддршка од професорот и тренер Петре Петрушевски, докажавме дека нашето училиште има голем потенцијал во спортот одбојка.

Googlе Translate

Присутни

Денес133
Вчера406
Оваа недела4136
Овој месец13875
Вкупно480117

Во моментов присутни

6
корисници

Недела, 20 Октомври 2019 05:47
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија