Општински натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија, кој се одржа на 4 април 2015 во просториите на ССОУ ,, Димитрија Чуповски“ година, учество земаа ученици од прва, втора и трета година од нашето училиште. На натпреварот учествуваа седумнаесет ученици под менторство на професорите Елизабета Николовска и Евгени Ѓуров.

Првото место на натпреварот го освои ученичката Даниела Василеска од прва година, а третото Ивана Цветкова и Ана Трајчева исто така од прва година под менторство на проф. Елизабета Николовска. Меѓу учениците од втора година првото место му припадна на ученикот Андреј Кодовски под менторство на проф.Евгени Ѓуров.

Во зависност од резултатите на останатите општини и во зависност од освоените бодови очекуваме учество и на другите ученици во регионалниот натпревар.

Googlе Translate

Присутни

Денес375
Вчера879
Оваа недела2161
Овој месец15272
Вкупно396173

Во моментов присутни

4
корисници

Среда, 19 Јуни 2019 11:37
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија