ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА ОСНОВНИОТ СУД – ВЕЛЕС

На Европскиот ден на граѓанската правда (25 октомври) и во рамките на воннаставните активности по предметните програми: Вовед во право, Филозофија и Логика, под менторско водење на предметниот наставник д-р Бошко Караџов, дел од учениците на Гимназијата од соодветните подрачја учествуваа во едукативна посета на Основниот суд во Велес. Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата и работата на судот, со неговата функција и надлежност во остварувањето на основните граѓански слободи и права, како и со начинот на кој судот ја остварува својата основна мисија – владеење на правото и ефикасна правда која е подеднакво достапна на сите граѓани.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Учениците имаа можност да присуствуваат на судење во кривична и граѓанска постапка.

Највпечатливиот дел од едукативната посета на судот беше можноста учениците сами да земат учество во подготвена дидактичка симулација на судски процеси од областа на слободата на изразувањето како основно граѓанско право гарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Симулацијата ја креираше и модерираше претседателката на Граѓанскиот оддел, судијката Лидија Димова. Учениците во улоги на тужител и тужен, судија и судии – поротници, одржаа усна, главна и јавна расправа по предметот што го поднела „најстарата ќерка на принцот Рение од Монако и во која таа се обидува да го заштити објавувањето на фотографии од нејзиниот приватен живот“.

Врз основа на овој судски предмет и симулација, учениците потоа рефлектираа, дискутираа и научија повеќе за правото на приватност, правото на достапност на информации од јавен интерес, слободата на информирањето и изразувањето, како и за релацијата помеѓу социјалните мрежи и човековите права и слободи.

Одговорeн професор: Бошко Караџов

 

Googlе Translate

Присутни

Денес301
Вчера278
Оваа недела1296
Овој месец3689
Вкупно306143

Во моментов присутни

3
корисници

Петок, 16 Ноември 2018 23:52
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија