ГИМНАЗИЈАТА ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ВЕЛЕС УЧЕСНИК НА 55 РАЦИНОВИ СРЕДБИ

СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот патрон, оваа година се вклучи во одбележувањето на 55. Рацинови средби со низа активности.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

На 13 Јуни 2018 година, со традиционалната посета на местото на погибијата на поетот и револуционер Рацин, се одбележа 75 годишнината од смртта на младиот борец и револуционер. Делегација на професори и претставници од општина Велес секоја година го посетува Лопушник и во пазувите на убавата планина му оддава почит на својот патрон. Оваа година честа да му оддадат должна почит и припадна на професорката по географија, Славица Спасевска. Ученичката Марија Давчева прочита стихови од песната ,,Татунчо" од стихозбирката ,,Бели Мугри".

Директорката и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на букет цвеќе на бистата на Рацин во училишниот двор на Гимназијата, му оддадоа почит на својот патрон. Тие положија букет цвеќе на скромниот споменик на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Чествувањето на ликот и делото на Рацин продолжи со активности во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ со промоција на поштенска марка со ликот на Рацин и изложба на портрети на Рацин, дело на велешкиот академски сликар Ангел Петров. Со свечено отворање на манифестацијата на која беседа за Рацин имаше проф. д-р Кристина Николовска. и музичкиот концерт на Влатко Стефановски, заврши првата вечер од 55. Рацинови средби.

Вториот ден од манифестацијата продолжи со меѓународна конференција на тема ,,Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик и посета на куќата на Рацин, каде се промовира книгата ,,Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Чествувањето на животот и делото на младиот поет и револуционер, заврши со доделување на наградите: Рациново признание, Почесно Рациново признание и Антологија на болката. Концертот на групата Љубојна го заокружи чествувањето на манифестацијата во чест на животот и делото на Коста Солев Рацин.

Стручен Актив по македонски јазик и литертаура

 

Googlе Translate

Присутни

Денес209
Вчера240
Оваа недела209
Овој месец6588
Вкупно291466

Во моментов присутни

6
корисници

Понеделник, 24 Септември 2018 18:23

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија