Трудот закитен со награди на Меѓународниот фестивал на аматерски театри во Кочани

Младите актери од Гимназијата „Кочо Рацин“, оваа година на Меѓународниот фестивал на аматерски театри во Кочани, настапија со претставите „Многу врева за ништо“ од В.Шекспир и „Адвокатот Патлен“ од непозанат автор во режија на Слободанка Чичевска и одговорните професори по македонски јазик и литература: Александра Стојановска, Весна Павлова, Цветанка Карамаркова, Соња Карбева.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
01/10 
start stop bwd fwd

 

Со многубројна актерска екипа (иако според пропозициите на фестивалот актерската група не смее да брои повеќе од 16 членови), претставата „Многу врева за ништо“го воодушеви селекторот со својата непосредност во играта и вешто вклопената музика, па претставата имаше чест да го отвори овогодинешниот фестивал на аматерски театри во Кочани.

Со бурни аплаузи од публиката и пофални зборови од жири комисијата и стручните лица на тркалезната маса, младите актери, од кои некои за првпат беа на сцена пред публика, се вратија дома со огромни впечатоци.

На 30 мај со „Адвокатот Патлен“ актерите беа повторно пред кочанската публика и стручното око на драматурзите, актерите, режисерите, театарските критичари...

Со аплаузи на отворена сцена и овации од страна на публиката која уживаше во секој миг од претставата, младите таленти од нашиот град многупати беа враќани на поклон.

За својот вонсериски врвен талент од страна на стручното жири во состав: Горан Стојановски – актер, Билјана Крајчевска – драматург и Наталија Теодосијева – актер, беа наградени:

- Кристијан Јорданов за неговото врвно актерско мајсторство за главна машка улога во „Адвокатот Патлен“;

- Стефан Николовски за епизодна машка улога во „Адвокатот Патлен“ за неговиот огромен творечки потенцијал и свежина што ја внесува со секоја појава на сцената.

За нивната одлична тимска игра придонесоа: Кире Ацевски како трговецот, Александра Мечкарова како Гијамета, Петар Андреев како секретарот и Петар Атанасов - судијата.

За успешноста на претставата говори и фактот што од страна на стручните лица на тркалезната маса е речено дека „Адвокатот Патлен“ го одбележа овогодинешниот фестивал, а многумина од публиката воодушевено изразија желба дека „Адвокатот Патлен“ би сакале повторно да ја видат на сцена.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес126
Вчера161
Оваа недела1130
Овој месец3076
Вкупно281907

Во моментов присутни

2
корисници

Недела, 19 Август 2018 23:28

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија