Од проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ - Работилница за врсничко насилство

Во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ беше реализирана работилница со наслов „Врсничко насилство“. Во работилницата учествуваа 30 ученици од мешан етнички состав од прва до трета година и родители. Модератори на работилницата беа претходно обучени ученици од страна на педагогот, психологот и наставникот по албански јазик во училиштето, под чие менторство беа подготвени презентациите за спречување на конфликти и врсничко насилство.

 

Врсничката едукација уште еднаш се потврди како успешен модел за работа со младите. Потврда за тоа беше позитивната атмосфера, интересот, активноста и задоволството искажано на крајот од работилницата.

 

Учениците се стекнаа со вештини за соработка и тимска работа во мешан етнички состав, развиваа толеранција и ставови за почитување на мислењето во групата, градеа вредности за меѓуетничка интегрираност, го надградуваа чувството на почит и формираа пријателства кои продолжуваат и надвор од училишните клупи.

 

Како резултат на успешната соработка и комуникација во работилницата, учениците заедно со родителите изготвија препораки и совети за своите врсници. Со препораките и советите беше изработен флаер со текст и слики, кој ќе им помогне на учениците при разрешување на евентуални конфликти и препознавање и спречување на врсничко насилство.

 

 

Координатори на работилницата:

 

Анита Смилевска, психолог

 

Бранка Донева, педагог

 

Линдита Маликова, наставник

 

Googlе Translate

Присутни

Денес126
Вчера161
Оваа недела1130
Овој месец3076
Вкупно281907

Во моментов присутни

2
корисници

Недела, 19 Август 2018 23:29

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија