Дисеминација на резултатите од Проектот Математички лавиринт на Панел сесија во Солун

Како дел од планираните активности за дисеминација на резултатите од Еразмус + Проектот -Математички Лавиринт, се одржа Панел сесија на 22 април 2017 година во Солун, Република Грција. Панел сесијата се реализираше за време на состанокот на бордот на МАССЕЕ (Асоцијација на математички друштва од јужна и југоисточна Европа) и на истата беа присутни претставници на математички друштвата и здруженија од Србија, Бугарија, Романија, Грција, Кипар, Македонија и др. Целта на настанот беше да се дисеминираат главните резултати од проектот – Интерактивната книга Математички лавиринт и Прирачникот за наставници, пред претставници од математички здруженија од јужна и југоисточна Европа.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

На панел сесијата се презентираше еден од главните производи на проектот Интерактивната книга со математички проблеми од реалниот живот. Со решавање на ваквите проблеми на платформата на проектот http://www.math-labyrinth.eu/math-labyrinth-interactive-book/ учениците не само што ќе се стекнат со трајни и квалитетни знаења, туку ќе бидат мотивирани за учење на математика и поттикнати за доживотно учење. Учениците кои стекнуваат вештини преку овој начин на учење, базирано на проблемско решавање на реални проблеми, се креативни, размислуваат критички, аналитички и решаваат проблеми.

Позитивните критики и коментари од страна на присутните на панел сесијата за Нас претставуваат показател дека овој интелектуален производ е успешен и дека истиот ќе може да се користи од страна на наставници по математика во други основни и средни училишта.

Координатор на Еразмус + проектот Математички лавиринт

 

Googlе Translate

Присутни

Денес63
Вчера931
Оваа недела3551
Овој месец13570
Вкупно376077

Во моментов присутни

5
корисници

Сабота, 25 Мај 2019 01:36
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија